Пребарувач
 
Нов корисник
 
Внесете ја ваштa e-mail адреса
Скопје,
  Ваш коментар !  

  Почитувани пријатели на Либералната партија,  
 

Сфаќањето за остварувањето на власта како одговорност - а не како привилегија, улогата на одлучување како должност - а не како средство за себе и практикувањето на власта како управување за општиот просперитет - а не како владеење за личната корист е основната ментална матрица на либералниот кадровски потенцијал кој успешно (може да) партиципира на избори и во сите нивоа на власта.
Впрочем, ние либералите низ праксата ја докажавме способноста за креирање и учество во политичкиот процес во државата и ја покажавме својата вредност и во овие сложени околности на македонското општествено-политичко, безбедносно и економско живеење.

Ова од причина што свесни сме дека македонскиот граѓанин има право и обврска пред себе и пред идните генерации од своите политичари да очекува и бара многу - за себе лично и за својата заедница, а како либерали знаеме дека мора успешно да одговориме на овој предизвик.
Оттука, решени сме и на овој начин да ги отвориме нашите меѓусебни комуникациски канали, стремејќи се и преку оваа web-страна непосредно да допреме до секој од Вас поединечно, но и Вие (индивидуално или групно) непречено, директно и навремено да ги испратите Вашите пораки, барања и очекувања до Либералната партија на Македонија.

Впрочем, во виртуелниот свет на Либералната партија секој е добредојден, бидејќи јавноста е најсилно оружје за правилно профилирање, дејствување и сопствено унапредување на либералите и Либералната партија на Македонија и таа е контролниот механизам за остварувањето на нејзините стратешки цели се остваруваат.

Така и преку оваа web-страна, Либералната партија ќе биде присутна за оние за кои постои - граѓаните, кои бараат политичарите да бидат меѓу нив, да знаат како да ги решат нивните проблеми, да ги остварат нивните желби, да изградат отворен, двонасочен и доверлив однос.
Бидејќи свртени сме кон реалноста и мислиме на предизвиците на иднината, бидејќи ја имаме допадливата и остварлива визија за Македонија за новиот век, бидејќи имаме храброст и подготвеност да го преземеме ризикот и одговорноста за сегашноста и иднината на нашата држава.

Ве очекуваме,
Стојан Андов, претседател
на Либералната партија на Македонија

 
Copyright © 2006 Либерална партија. All rights reserved.