Љупчо Мешков , министер за труд и социјална политика, е роден во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје. Професионалната кариера ја остварил во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија - Скопје каде е вработен од 1973 година и извршувал повеќе раководни и советнички функции, а во периодот 2000-2002 година е и генерален директор на Фондот. Пратеник од редовите на Либералната партија на Македонија бил во собраниските состави во 1994 - 1998, во 2002-2006 и последниот освоен на парламентарните избори минатиот месец. Мешков е член на претседателството на спортското друштво Вардар (10/93-09/94). Зборува англиски. Оженет и татко на две деца.
Министерство за економија
Заменик Министер Киро Спанџев
Роден е 1951 година во Кавадарци. Дипломирал на Економскиот факултет.
Работи во Министерството за економија каде има извршувано повеќе раководни функции во Министерството, меѓу кои осум години бил на позицијата Помошник на министерот за економија.