Скопје, |
 |
|
|
|
Либералната партија на Македонија е една од првите и најстари политички партии во земјата, настанати во времето на распадот на социјализмот, воведувањето на плуралната демократија и пазарната економија, како и осамостојувањето и независноста на државата. Имено, пролетта и летото 1990 година започна основањето на иницијативните одбори на Сојузот на реформски сили на Македонија на општинско, градско и републичко ниво.
На 5 октомври 1990 година во Скопје се одржа Првото основачко собрание на Партијата, на кое одборите на Реформските сили се здружија со Младата демократско-прогресивна странка (МДС), претходно основана и регистрирана како политичка партија, исто така со реформски, граѓански и демократски ориентации.
За прв претседател на новата партија - Сојуз на реформските сили на Македонија (СРСМ) е избран Стојан Андов, а за прв потпретседател - Ристо Иванов (дотогашен претседател на МДС).
На 8 јануари 1991 година, веднаш по првите слободни парламентарни избори, беше конституирано Собранието на Република Македонија |
|
Согледувајќи недостаток на реформи, неуспех на избраниот приватизационен модел и криминализација во општеството, Либералната партија ги посочи овие состојби во земјата и откако не наиде на поддршка во своите коалициони партнери во нивното надминување, ЛП ја напушти Владата во февруари 1996 година.
| Со цел да ја заврсти центристичката, граѓанска опција во Република Македонија, ЛП се спои со поранешната Демократска партија и ја формираше Либерално-демократската партија. За жал, по неполни две години оваа партија покажа дека не ја исполнува својата цел и се ориентира кон формирање централно-лева коалиција со партијата-наследник на поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија чија влада ЛП ја напушти 1996 година. |
|
Неможејќи да се согласат со ова, основачите на Либералната партија се решија да ја обноват ЛП на 23 декември 1999 Либералната партија на Македонија беше обновена, а за нејзин претседател беше избран Ристо Гуштеров, кој оваа должност ја извршуваше до јуни 2001 година. |
Во 2000 година Либералната партија самостојно настапи на локалните избори, на кои освои 40 членови на советите низ Македонија.
Во ноември истата година ЛП влезе во Владата на РМ како дел од централно-десната коалиција заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, а беше дел од извршната власт до септември 2002 година, од кога е во опозиција.
| Коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ продолжува до денешен ден, а двете партии 2004 година потпишаа Повелба за стратешко коалицирање и како такви настапуваат заедно на сите избори од 2002 година. |
|
| Во целиот овој петнаесетгодишен период, ЛП имаше вкупно 58 пратеници, 12 министри, три потпретседатели на Влада, а четири членови на ЛП ја претставуваа Република Македонија во странство како нејзини амбасадори. |
На овој простор сакаме да се потсетиме и да им се заблагодариме и на сите наши членови кои со голем ентузијазам и цврста убеденост во вредностите на либерализмот го вградија својот живот во борбата за принципите што ги следеа, а веќе не се меѓу нас.
Тука сакаме да ги наведеме особено оние кои беа основачи на Либералната партија:
Христо Кошка, Гаврило Гаврилски, Стево Јанковски, Михаило Зориќ, Иван Иванов, Џемаил Максут, Тодосие Паунов, Јусуф Војника, Владимир Павловски, Стево Црвенковски, Никола Тушев...
|
|
|
Стево Црвенковски (1947 - 2004) ,
Прв секретар на Либералната Партија
|
Проф. др. Владимир Павловски (1943-2003) |
|
|