Автор и предлагач: М-р Горан А. Николовски
Република Македонија е претежно рурална земја. Земјоделството (полјоделството и сточарството) и шумарството како главни корисници на земјиштето, имаат главна улога во одредувањето на здравјето на руралната економија и на руралните површини. Дури и со редуцирано делење на одговорноста во економските активности во руралните области, земјоделството сеуште има драгоцен придонес за социо-економскиот развој на руралните области и комплетна реализација на нивниот потенцијален развој. Од друга страна, во сегашните години заштитата на околината, заштитата на површините, способноста за живот на руралната економија и нивната културна заштита, квалитетот на храната, здравјето на животните и стандардите за добробит кај животните треба да бидат главни правци на делување. Глобализацијата на светската трговија е уште еден дополнителен предизвик на претходно наведените главни правци.
1.
Со оглед на тоа дека се работи за голем предизвик, за земјоделството како стопанска гранка, овие правци треба да ги спроведуваат носителите на економската власт на системот на државата со различни видови на субвенции од буџетот на државата. Според нас, ваквата финансиска помош треба да биде наменета за реструктуирање на фармите (помош со инвестиции во нив со цел обезбедување развој на фармите во големина и менаџмент, вештина во технологиите со што ќе се адаптираат на економската и социјалната клима во сегашноста...). Секако, мора да се признае дека овие мерки имаат цена на буџетски трошок, нарушуваат одредени светски пазарни правила, а и се помалку популарни за потрошувачите и плаќачите на данок. Сматаме дека доколку во досегашниот период адекватно се водеше политиката на субвенционирање ќе се создадеа и одредени пазарни вишоци кои со квалитетот и цената ќе беа конкурентни на надворешниот пазар (еклатантен пример е млекото).
Основните субвенции треба да бидат наменети за земјоделците, кои ќе бидат слободни да произведуваат тоа што пазарот го побарува. Огромниот дел од субвенциите во иднина треба да бидат наменети за надомест независно од големината на производството. Овој нов систем за директна уплата на надоместот (по шема “исплата по единечна фарма-домаќинство”, а врз основа на претходното ниво на продуктивност) ќе биде директно поврзан со обврските за стандардите кои се однесуваат на околината, безбедноста на храната и добробитта на животните и тоа е наш приоритет во земјоделската политика.
2.
Неколкукратната поврзаност меѓу субвенциите и продукцијата е основата на оваа заложба. Ваквата поврзаност ќе ги направи фармерите конкурентни и пазарно ориентирани до таа мерка што ќе бидат во можност да избираат што сакаат да произведуваат, односно она што е најпрофитабилно за нив. Но, фармерите ќе бидат обврзани да ја чуваат нивната земја во добра земјоделска и еколошка кондиција, почитувајќи ги ЕУ-стандардите во полето на екологијата, безбедноста на храна, здравјето и добробитта на животните. Фармерите кои ќе “паднат” на тестот, ќе се соочат со редукција на нивната директна исплата (состојба позната како “cross-compliance”).
Се заложуваме вториот вид субвенции да биде во правец на руралниот развој. Најнапред треба да се знае што претставува руралната средина, дали во нејзината околина има одредени индустриски објекти, инфраструктура, каква е густината на популацијата и слично. Цел на помошта ќе биде одговорот на новите предизвици како што се подобрување на екологијата, квалитетот на храната и стандардите за добробитта на животните. Ваквата помош треба да зависи директно од тоа дали државата ќе сака да има дополнителни мерки во програмите за нејзин рурален развој. Повеќе пари ќе бидат достапни за фармерите за рурален развој со намалување на директната исплата за поголемите фарми и трансфер на тие средства во фондови со кои ќе се јакнат мерките за рурален развој (познато како “модулација”). Со ваквите мерки пред се ќе се зголеми степенот на заштита и конзервација на околината, директни исплати на фармерите од руралните средини, како и за мерките за пазарен менаџмент. Треба да има и поголема транспарентност, пред се во однос на потрошувачите и плаќачите на данок, како овие средства се трошат, одговорноста кон приоритетните прашања, помошта на руралната економија и екологијата, во рамките на одредениот буџетски лимит.
Според претходно наведеното треба да се смета на формирање на два главни фонда за субвенционирање:
- за пазарна и парична поддршка и
- за рурален развој.
Политиката на Либералната партија во земјоделството подразбира дека главната цел на земјоделството ќе остане производството на храна, што значи мерките на пазарниот менаџмент сеуште ја имаат важната улога како безбедносен систем во помошта за стабилизирање на пазарот за некои земјоделски продукти во нашата визија.
3.
Инвестициите преку субвенциите во нашата стратегија се со цел:
редуцирање на трошоците за производство;
подобрување на квалитетот за производство;
заштита и подобрување на околината;
задоволување на хигиенските стандарди и состојбите на добробит кај животните;
охрабрување на разноликоста во земјоделските активности.
Кога говориме за земјоделството како стопанска гранка, паралелно со нејзиниот развој, предвидуваме развивање и на други стопански гранки кои директно или индиректно влијаат на земјоделството.
Една од стопанските гранки која е тесно поврзана со земјоделството е и биотехнологијата. Кај нас таа е застапена во помал степен. Нејзините придобивки можат да се почувствуваат не само во полјоделството туку и во сточарството, шумарството и другите гранки од земјоделството. Без примена на биотехнологијата, една од најважните цели - редуцирањето на трошоците за производство - не ќе може да биде замислива. Свесни сме дека во биотехнологијата секогаш се потребни високоспецијализирани кадри што е само дополнителен мотив за развој на оваа гранка од стопанството.
4.
При сето тоа, ја истакнуваме и улогата на политиката на помош од ЕУ во земјоделството. Целите на субвенционирањето на ЕУ се во правец на обезбедување на:
единствен пазар - без трговски бариери во целата ЕУ;
директна исплата на фармерите за добивање на гарантирано минимално ниво на доход, но без поврзаност со продуктивноста, со што се отстранува прекршување на трговските правила;
мерки за осигурување на стабилноста на земјоделскиот пазар;
помош на руралниот развој со цел модернизирање на фармите и механизацијата, обука за нови технологии во фармите и руралните вештини, помош во средства, објекти и други добра за воспоставување на производството на храна со што фармерите ќе учат за добивање поголем доход од фармите, помош во пазарната продукција на фармите, подобрување на квалитетот и маркетингот на производите, помош за младите фармери да ги превземаат фармите и помош при пензионирањето на старите фармери;
финансиски потстрек на фармите кои подобро се грижат за околината;
потстрек на фармерите за наоѓање на алтернативни форми за доход (на пример туризам);
поттикнување на ширењето на шумските пространства и
поттикнување за продукција на биомаса за еколошка енергија.
Секако, овие цели на ЕУ се дополнителен потстрек за понатамошно развивање на политиката на Либералната партија на Македонија во земјоделството.
|