Скопје, |
 |
|
ДЕКЛАРАЦИЈА
за зачувување на постојните граници на територијалната организација
на општините Струга и Кичево |
| |
Автор и подносител: Димитар Трпеноски
Воден од тековната јавна расправа по предложениот Закон за територијалната организација на единиците на локалната самоуправа, Конгресот на Либералната партија на Македонија ја изразува својата определба за зачувување на постојните граници на територијалната организација на општините Струга и Кичево, односно ги поддржува барањата на жителите на овие општини за задржување на постојните решенија на нивната територијална организација. Истовремено, Конгресот на Либералната партија на Македо-нија ги поддржува сите граѓански и политички иницијативи за промовирање на ваквата определба на граѓаните на Струга и Кичево.
Истовремено, Либералната партија на Македонија ја истакнува својата определба да ги поддржи барањата на сите општини кои низ референдуми на нивните граѓани побараа да ги задржат своите подрачја утврдени со Законот за територијалната организација донесен 1996 година, а особено во рамките на расправата по текстот на предложениот Закон во текот на соодветната собраниска седница.Конечно, Конгресот ја истакнува определбата на Либералната партија на Македонија да се залага за територијална организација по мерка на граѓаните во општините, а не по мерка на политичките партии и не се согласува со етничкиот принцип како водечки во креирањето на новата територијална организација во државата.
|
| |
| |
|