Пребарувач
 
Нов корисник
 
Внесете ја ваштa e-mail адреса
Скопје,
  Ваш коментар !  

Свесни за ограничувањата на движењето на македонските граѓани во земјите-членки на Европската У-нија произлезени од Шенгенскиот визен режим, како и намалениот проток на луѓе и добра меѓу Република Македонија и Европската Унија, Конгресот на Либералната партија на Македонија, на седницата одржана на ден 4 јули 2004 година ја донесе следната
ДЕКЛАРАЦИЈА
за надминување на ограничувањата на движењето на македонските државјани
во земјите-членки на Европската Унија произлезени од Шенгенскиот визен режим

Автор и предлагач: Дејанчо Крстески

Шенгенскиот визен режим наметнува рестрикции во можноста за влез на македонските граѓани во Европската Унија, односно нејзините држави-членки.
Ваквата состојба значително ги попречува релациите меѓу РМ и ЕУ, односно помеѓу граѓаните на Македонија и оние на државите-членки на Унијата во бизнисот, спортот, културата, туризмот, образованието..., особено со рестриктивните мерки и процедури на добивање визи за транзитирање или престој во земјите - членки на ЕУ.
Приемот на десетте нови членки на Унијата на 1 мај 2004 година, дополнително ја затвори “подотворената порта” за престој на Македонците во некоја од европските земји воопшто, бидејќи сега и тие стануваат дел од Шенгенскиот визен режим.

Во исто време, Либералната партија е свесна за заштитната суштина на Шенгенскиот визен режим и за условите што како држава треба да ги исполниме за да се “урне овој ѕид”, а пред се се однесуваат на функционирањето на домашните институции.

Оттука, Либералната партија ги утврдува следните приоритети за надминување на ваквата состојба:

? дипломатска активност на надлежните државни институции (Влада, Министерство за надворешни работи, претседател на државата), со цел создавање политичка клима во државите-членки на ЕУ за изземање на Македонија од Шенгенскиот визен режим;
? стратегија за етапно намалување на административните барања што македонските граѓани треба да ги исполнуваат при поднесувањето барање за визи;
? функционирање на институциите на системот и склучување договори за реадмисија на државја-ните помеѓу Република Македонија и земјите-членки на Европската Унија;
? исполнување на критериумите за квалитетот на македонските патни исправи и
? ангажман на македонските партии за обезбедување политичка поддршка во земјите-членки на Унијата низ соработката со нивните партнер-партии во европските земји, со особен нагласок на соработката на Либералната партија на Македонија со партнерите во земјите-членки на ЕУ и низ Европската партија на либерали, демократи и реформисти (ELDR);

Со надминувањето на ограничувањата на Шенгенскиот визен режим сите ние ќе се чувствуваме како реален, а не виртуелен дел од Европа. Но, надминувањето на неговите ограничувања зависи не само од Европската Унија, туку пред се од капацитетот на Република Македонија, нејзините институции и политички сили.



 
 
Copyright © 2006 Либерална партија. All rights reserved.