Автори: Лилјана Милошевска, Катерина Бошковска и Марија Калковалиева
Предлагачи: Републички совети на Унијата на жените на Либералната партија на Македонија
и Либералната унија на млади на Македонија
Семејното насилство е една досегашна табу тема, која за прв пат се отвара и регулира во институциите на системот. Материјата од областа на семејното насилство се регулира во Законот за семејството, а во зависност од видот на насилството кое го извршил насилникот, тоа ќе биде соодветно санкционирано според Кривичниот закон.
Најчесто како директни жртви на семејното насилство се јавуваат жените и децата, како и постарите лица и сите членови кои живеат во иста семејна средина. Меѓутоа, има случаи кога и мажите се директни жртви на семејното насилство.
Притоа, статистиките говорат дека секоја четврта жена е жртва на семејното насилство, но согласно фактот што оваа тема сеуште е табу, не секоја жена која е подложена на семејно насилство излегува од затворениот семеен круг и го пријавува тоа.
Водена од значењето на искоренувањето на семејното насилство, како основа за стабилно семејство кое претставува основна клетка на општеството, Либералната партија на Македонија е решена да го даде својот придонес во искоренувањето на семејното насилство.
Притоа, Либералната партија на Македонија се залага за:
? соработка со невладините организации за заедничко делување во спречувањето на појавата на семејното насилство;
? формирање пратеничко лоби во Собранието на Република Македонија против семејното насилство;
? водење интензивни кампањи преку медиумите (печатени и електронски) за запознавање на граѓаните со постоењето на семејното насилство, неговите карактеристики и последиците што ги предизвикува во семејството;
? воведување пилот-проект во образовниот систем за едукација на младата популација за појавата на семејното насилство и неговото препознавање;
? зголемување на казнените мерки против семејните насилници и
? подобрување на третманот на жртвите на семејното насилство од страна на социјалните институции и системот воопшто
|