Пребарувач
 
Нов корисник
 
Внесете ја ваштa e-mail адреса
Скопје,
  Ваш коментар !  

ДЕКЛАРАЦИЈА
за подигнување на квалитетот на високото образование во Република Македонија
Предлагач: Републички совет на Либералната унија на млади на Македонија


Високото образование во Република Македонија е еден од сегментите оставен долги години на маргините на реформите во државата, намалувајќи ја на тој начин неговата квалитативна еквивалентност со европските и светските високообразовни искуства. Имено, оваа област започна да се трансформира само под влијание на времето и ентузијазмот за промени манифестиран од поединци и институции дури во минатите четири до пет години.
Квалитетот е пресуден за еден процес да добие признат дигнитет во рамки на општеството. Но, наместо наша определба да биде надградувањето на високообразовниот систем и задржувањето на талентираните млади и перспективни луѓе овде, во Македонија, “дозволивме” да ни се случи масовна миграција на студенти во други, пред се соседни, држави, а тоа сите нас не става во ситуација да ја “загубиме” или во најмала рака да ја доведеме во прашање својата и иднината на своите граѓани. Иднината на високото образование на македонските граѓани е најпрво во Република Македонија, а за тоа е потребно да ги создадеме неопходните предуслови врз база на конкретна стратегија и очекувања. Оттука, Либералната партија пред себе ги поставува следните приоритети во својата политика кон високото образование:

? Квалитативно подобрување на наставно-научните планови и програми и материјално-техничките услови на универзитетите финансирани од државата;
? Имплементација на кредит-трансферниот систем во високото образование и на Болоњската декларација;
? Имплементација на програмите TEMPUS, DAAD и други, за доближување до квалитетните и применливи европски студии и кај нас;
? Зголемување на конкурентноста во високото образование преку натамошен влез на приватен капитал во оваа сфера, како тренд манифестиран последните години и кај нас;
? Евалуација на реформите со активна учество на студентите, кои ќе ги оценуваат и своите професори и нивниот пристап во едуцирањето;
? Поддршка на талентираните студенти преку државно стипендирање на нивната додипломска и постдипломска надградба во познати светски образовни институции;
? Еднаква шанса за сите заинтересирани граѓани во првата година на високообразовните институции финансирани од државата, без квоти и партиципација, на кои подоцна, врз основа на селекција согласно стекнатите знаења и постигнатите резултати, ќе им се овозможи пристап до поефтино или бесплатно студирање на државно-финансираните универзитети и
? Елиминација на корупцијата во високото образование врз основа на воспоставен квалитет и систем согласно имплементацијата на претходните процеси.

Ние, либералите од секогаш бара(в)ме високо образование компатибилно на определбите за градење европска Македонија во која секој може да ги задоволи своите аспирации за наука и знаење во модерен високообразовен систем, а не во творба заглавена во просторот и времето. Оттука, Либералната партија ги поздравува напорите за влез на познати меѓународни колеџи кои наоѓаат свои партнери во високото образование во Републиката, како и оние за афирмирање на т.н. “далечинско студирање” преку интернет. Во таа насока, Либералната партија смета и дека “Штуловиот Универзитет” е еден од успешните примери за воспоставен квалитет во високото образование наспроти квотите во него по секоја цена.

 

 




 
 
Copyright © 2006 Либерална партија. All rights reserved.