Пребарувач
 
Нов корисник
 
Внесете ја ваштa e-mail адреса
Скопје,
  Ваш коментар !  

Трансформацијата на политичкиот и економскиот систем се видливи во секоја сфера на нашето секојдневие, но една од последните области на кои македонското општество во транзиција се посвети е прашањето на позицијата на жената во општествената заедница.
Воден од ваквото согледување, Конгресот на Либералната партија на Македонија, на седницата одржана на ден 4 јули 2004 година ја донесе следната
ДЕКЛАРАЦИЈА
за потребата од оптимално позиционирање на жената во македонскиот општествен и јавен живот

Автор: Ристана Лалчевска
Предлагач: Републички совет на Унијата на жените на Либералната партија на Македонија

Либералната партија на Македонија се залага за натамошно зголемување на учеството на жените во општествените, политичките и економските текови во Република Македонија.
Либералната партија ги поздравува активностите за создавање услови за унапредување на учеството на жените во политиката и политичкото одлучување низ законските решенија што ја регулираат изборната проблематика.
Либералната партија го поддржува трендот на зголемување на учеството на жените во законодавната, извршната и судската власт, како и воспоставените механизми за обезбедување застапеност на жените во органите на локалната самоуправа.Но, нема застапеност на жените во управувањето и политичкото одлучување без нивна застапеност во органите на политичките субјекти.

Оттука, Либералната партија се залага за оптимизирање на учеството на жените во сопствените органи на политичко одлучување на локално и национално ниво.
Впрочем, Либералната унија на млади веќе практично ја применува оваа определба, а таа станува дел и од нашиот основен правен акт - Статутот.

Промовирањето и унапредувањето на партиципацијата на жената во политиката и на тој начин во сите сфери на одлучувањето во заедницата беше и останува постојан приоритет на либералите.
Либералната партија смета дека вклучувањето на секој граѓанин во политичкиот процес без оглед на половата припадност, а согласно неговиот/нејзиниот квалитет, капацитет, знаење и решителност претставува основа за унапредувањето на демократските процеси во државата.Оттука, во водењето на активностите за што поцелосно и поквалитетно вклучување на жените во сите сфери на општественото живеење, Либералната партија ќе се води од примената на соодветните европски конвенции што ја регулираат оваа област и низ разни форми и облици ќе ги доближи до секој македонски граѓанин. Во таа насока, Осмиот конгрес на Либералната партија и дава целосна поддршка на Унијата на жените на Партијата во спроведувањето на овие активности.



 



 

 
 
Copyright © 2006 Либерална партија. All rights reserved.