Скопје, |
 |
|
ДЕКЛАРАЦИЈА
за утврдување на План и политика за културниот развој на Република Македонија
|
|
Автор и предлагач: Наум Симјановски
Либералната партија ја третира Културата како многу важна тема на нашиот општествен развој со свое влијание врз демократските процеси во Република Македонија, се разбира во насока на нивно забрзување и нудење пошироки културолошки и интелектуални перспективи.Проблемот на дефинирање на терминот Култура не беше и не е само проблем во Македонија. Впрочем дискусијата за неговото дефинирање трае дваесет века.
Од концептот настанат уште во античка Грција и на самиот збор со латински корен, предодреден на тој концепт да му даде соодветен израз, остана да се помине долг пат. За жал и денес е сеуште тешко да се каже како ние во Македонија ја дефинира(в)ме Културата, но може да истакнеме дека ние, либералите, ја прифаќаме сложеноста на идејата за Култура и најблиску сме до дефинициијата за културата како: мерило за совршенство, доблест на умот, уметност, општ интелектуален развој, целокупен начин на живот, систем на значења, структура на чувства и потоа се од економското производство и семејството до политичките институции (Рејмонд Вилијамс и Тери Иглтон).Бидејќи е извесно дека не постои човечко опшество без Култура, би можело да се заклучи дека не постои опшество без културна политика.
Но, тој заклучок, за жал не и одговара на македонската стварност, бидејќи самото постоење на културата не значи дека имаме определен правец на развој, одреден во низа цели и задачи што треба да се остваруваат низ програмски дефинирани мерки, инструменти и активности, со што би се дефинирала Културната политика. Македонија главно е настрана од овие трендови, упорно држејќи се до еден застарен и надминат културен модел, кој последните години доживува колапс.Тоа ја наведува Либералната партија да понуди еден нов концепт на Културната политика на Република Македонија. Факт е дека за нејзиното функционирање се неопходни соодветни инструменти, при што основен е Планот за развој како начин преку кој може да се изрази Културната политика во однос на општествената политика.Затоа Планот за културен развој на Република Македонија што ЛП, врз основа на оваа Декларација, ќе го изготви ќе претставува показател на културната состојба што во себе вклучува анализа на актуелните и општите проблеми на културниот живот и секако изнаоѓање на можни решенија.
Основните елементи на нашиот План и политика за културен развој на Република Македонија се:
1. Одредување и усвојување на концептите на културната политика;
2. Анализа на состојбите;
3. Утврдување на развојните можности;
4. Избор на показатели на културниот развој (квантификација на податоци);
5. Изработка на план на инструментите за реализација на планот и
6. Вреднување на остварените резултати
Само со ваков темелен пристап кон оваа значајна гранка од нашето општествено уредување, ќе можеме да си ја направиме нашата сегашност и иднина поубава и поблиска до Европската Унија.
|
| |
| |
|