Пребарувач
 
Нов корисник
 
Внесете ја ваштa e-mail адреса
Скопје,
  Ваш коментар !  

ДЕКЛАРАЦИЈА
за унапредување и развој на градежништвото во Република Македонија
Автор и предлагач: Проф. Д-р Голубка Нечевска - Цветановска

Градежништвото во Република Македонија, како традиционална стопанска гранка, во последните петнаесет години се најде во исклучително неповолна и тешка состојба. Состојбите во градежништвото покажуваат дека оваа гранка е сe повеќе маргинализирана, деградирана, уназадена во Република Македонија и што е уште потрагично - не постои никаква концепција ниту стратегија за запирање или подобрување на овие состојби.
Постои законодавен хаос, отежнати услови на градба поради непостоењето на градежна политика и стратегија. Постојната техничка регулатива е застарена, дезинтегрирана со постојните законски и подзаконски акти и не е усогласена со европските стандарди и прописи.
Согледувајќи ја сериозноста на состојбите во оваа област, како и фактот што Република Македонија е сеизмичко трусно подрачје, Либералната партија на Македонија ги утврдува следните свои приоритетни задачи и стратешки цели во градежништвото:

? Во рамките на постојната техничка регулатива (до донесувањето нови одредби) итно да се дефинираат упатства, препораки, механизми за следење и спроведување на законската регулатива што ги обработува материите за адаптација, реконструкција, зајакнување, обнова и ревитализација на градежните објекти. Посебно место да се посвети на обезбедувањето на сеизмичката заштита на новопроектираните и на постојните објекти;
? Донесување Одлука за прифаќање и примена на заедничките технички прописи и предстандарди на Европската Унија (Еврокодовите) во проектирањето и градењето на новите и заштитата на постојните градежни објекти во Република Македонија;
? Итно донесување на Закон за градба, кој треба да ги регулира сите прашања од областа на проектирањето, градењето и контролата на градењето на градежните објекти во сите фази (од идеја до реализација);
? Хармонизација на постојната и изготвување нова техничка регулатива во согласност со претстандардите на европските прописи (Еврокод 1 до Еврокод 10);
? Воведување на фамилијата ISO-9000 стандарди за воспоставување на заеднички основи за обезбедување квалитет на производи и услуги;
? Развивање на интегрален информационен систем за систематско и организирано евидентирање, класифицирање и документирање на новоизградените и сите направени адаптации и реконструкции на постојните објекти, со посебен осврт на континуираното следење на состојбата и преземањето соодветни мерки за заштита на целокупното регистрирано културно наследство на територијата на Република Македонија;
? Нови интенции во образованието на градежните конструктори, согласно потребите на стручни кадри во државата;
? Соработка со странски и домашни асоцијации, во прв ред Друштвото на градежни конструктори на Република Македонија, градежните претпријатија, еминентните научни и едукативни установи во насока на утврдување и реализација на приоритетните задачи и стратешките цели наведени во оваа Декларација.

 

 




 
 
Copyright © 2006 Либерална партија. All rights reserved.