Пребарувач
 
Нов корисник
 
Внесете ја ваштa e-mail адреса
Скопје,
  Ваш коментар !  

ДЕКЛАРАЦИЈА
За приоритетите на меѓународната соработка на Либералната партија со и преку Партијата ELDR (European Liberal Democrat and Reform Party - ELDR Party )

Автор и предлагач: Величковски Ивон

Либералната партија на Македонија остварува редовни контакти со Партијата ELDR уште од 1992 година. Притоа, Либералната партија сеуште е единствена партија од Македонија што полноправно членува во една европска партија. Значењето на нашето членство во неа е дотолку поголемо согласно фактот што ELDR е најотворена европска политичка групација кон сродните (либерални) партии од европските земји кои не членуваат во Унијата.

Основна политичка определба и визија на ELDR е Европа базирана на фундаменталните либерални вредности: слобода, демократија, владеење на правото, толеранција и солидарност. ELDR верува во праведно општество, слободно и отворено со отварање можности за секој граѓанин и негова заштита од сиромаштија и дискриминација, како и во безбедно општество кое го гарантира мирот и стабилноста.

Од особено значење за Либералната партија се програмските определби на ELDR согласно кои:

* Европа треба да биде потранспарентна, демократска и одговорна, да изнаоѓа европски решенија на проблемите;
* Се залага за отворено стопанство, се спротиставува на ограничувањето на конкуренцијата преку монополите и се залага за европски пазар што ги елеминира бариерите за производите од земјите во развој за да им овозможи излез од сиромаштијата;
* Општество што пружа подеднакви шанси на поединецот и ги спречува сите форми на дискриминација;
* ЕУ треба да биде отворена кон светот (се спротиставува на “создавањето на т.н. Европска тврди-на”);
* Образованието е фундамент врз кој се темели иднината на нашите деца (поголемо вложување во него);
* Искоренување на сите форми на ксенофобија и културна и верска нетолеранција и штитење на принципот на одвоеност на верата од политиката;
* Силата на Европската Унија се темели на нејзиното единство и различност;
* Јазичната различност во Европа е една од нејзинита најголемни вредности (ЕУ треба да даде помош за промоција на помалку зборуваните јазици како дел од европското културно наследство);
* ELDR изразува големо задоволство што толку многу земји изразуваат интерес за членство во ЕУ. Сите европски земји што ги исполнуваат критериумите од Копенхаген се добредојдени во Унијата, секоја земја треба да се цени според нејзините индивидуални достигнувања. ELDR не прифаќа новите и идните членки бидат третирани како земји од втор ред;
* Се залага за активна подршка на ЕУ на улогата на ООН и целосно почитување на нејзините акти;
* Ја реафирмира својата цврста подршка на Меѓународниот кривичен суд;
* Смета дека ЕУ и САД не треба да се сметаат за ривали туку за партнери;
* Се залага за активна заедничка европска надворешна политика, смета дека зајакнувањето на европската безбедносна и одбранбена политика (како дел од заедничката надворешна политика) не е можна без развој на европските воени капацитети и оттука смета дека европскиот одбранбен идентитет треба де се гради во партнерство со НАТО;
* Неопходно е добро управување со процесот на глобализацијата во светот за да се развиваат нејзините позитивни ефекти (слободно движење на луѓе, капитал, идеи, здрава економија...) и енергична борба против негативните ефекти од неа (намалување на правата на работниците, продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните земји и социјалните слоеви, губење на културниот идентитет,...).

Со оваа Декларација Либералната партија ја реафирмира својата поддршка на наведените определби на ELDR и истите ги утврдува како дел од основите на сопствената меѓународна соработка, ставовите за европската и меѓународната политика на Либералната партија на Македонија.

Притоа, Либералната партија на Македонија:

* Ја поздравува досегашната поддршка на ELDR и на нејзината Пратеничка група во Европскиот Парламент за РМ, а особено поддршката што нејзините истакнати челници ја даваа за Република Македонија и меѓународната позиција на нашата држава (Уфе Елеман Јенсен, Пат Кокс и други);
* Ја поздравува досегашната соработка меѓу Либералната партија и Партијата ELDR и
* Ја истакнува својата заложба за уште поблиска комуникација во иднина што ќе биде од корист за процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.


 

 




 
 
Copyright © 2006 Либерална партија. All rights reserved.