ДЕКЛАРАЦИЈА за правците на економската политика на Либералната партија на Македонија
Водена од долгогодишните негативни економски движења во државата (манифестирани низ континуираното опаѓање на индустриското производство, намалувањето на извозот и порастот на економскиот дефицит, а особено се поголемата невработеност), Либералната партија низ оваа Декларација ги поста-вува основите на својата економска политика во претстојниот период:
? Поддршка на приватната иницијатива;
? Целосна правна заштита на приватната сопственост и капиталот во претпријатијата;
? Доследно спроведување на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, како и соодветно амандманско делување на економските можности во домашното законодавство, како рамковен пристап во временска димензија;
? Заштита на човековата околина низ дефинирање на технолошкиот развој;
? Спречување на корупцијата на секое ниво, а особено во државната и локалната администрација;
? Економски развој во државата преку системски решенија, респектирајќи ја децентрализацијата што претстои, каде општината ќе биде основа за економскиот развој;
? Дефинирање на методологија за решавање на социјалните барања во земјата;
? Дефинирање на правци за поддршка на примарното земјоделско производство како стратешка цел (низ зголемувањето на плодородноста, заштитни цени што обезбедуваат проста репродукција, премии, субвенции и други соодветни однапред дефинирани мерки) и
? Капитални инвестиции во секторите енергетика и водостопанство.
Целта на оваа Декларација е низ утврдувањето на горенаведените правци и нивното преточување во соодветни политички документи на Либералната партија за секој правец одделно, да ја утврдиме нашата платформа на стабилизирање на економските агрегати низ мерки и активности што либералите ќе ги остваруваат партиципирајќи во претставничката и извршната власт било на локално, било на национално ниво. Притоа, веруваме дека низ нивната имплементација ќе го димензионираме одржливиот економски развој на краток, среден и долг рок во Република Македонија.