Пребарувач
 
Нов корисник
 
Внесете ја ваштa e-mail адреса
Скопје,07 Јануари 2009
  Ваш коментар !  
ДЕКЛАРАЦИЈА
за унапредување и развој на туризмот во Република Македонија
 

 

Автор и предлагач: Душко Поповски

Долгогодишниот застој на туризмот како стопанска гранка во Република Македонија придонесе туристичкото стопанство да се најде во најтешкиот период во изминатите петнаесет години. Со цел надминување на ваквата крајно неповолна состојба која негативно влијае на вкупниот економски развој и за да може туристичко-угостителските деловни субјекти од нашата држава да се подготват за вклучување во меѓународната економска размена и растечката конкурентност на светската економија, Либералната партија ги утврдува следниве свои приоритетни задачи и стратешки цели:

* Процесот на приватизација во туристичкото стопанство да заврши во најкус можен рок;
* Донесување Национална програма за унапредување и развој на туризмот во Република Македонија;
- Бирото за Туризам, од орган на управа во состав на Министерството за економија да прерасне во самостоен орган на управа (Агенција или Министерство за туризам) со што Република Македонија на најсериозен начин ќе покаже дека оваа перспективна стопанска гранка добива соодветен третман на долг рок;
* Еколошкиот туризам и алтернативните форми на туризам, кои за Република Македонија обезбедуваат цврста основа за развој на локалните самоуправи со поттик на локалните заедници да обезбедат одржлив развој, да добијат планирана рамка поради големиот потенцијал што засега е неискористен;
* Природните убавини, пејсажи, културно-историски споменици, археолошки локалитети, етнолошко-руралните оригинални амбиенти, традицијата, флората и фауната и сеуште чистиот воздух да се стават во функција на туристички производ, на начин кој обезбедува нивна заштита од преголема експлоатација и
* Соработка со асоцијациите на туристичките претпријатија во насока на утврдување на документи-те од претходно наведените стратешки определби


 
 
© 2006 Либерална партија.Сите права се задржани.