Либералната партија на Македонија (ЛП) е една од најстарите политички партии во земјата. На 5 октомври 1990 во Скопје се одржа Основачкото собрание, на кое одборите на Реформските сили се здружија со МДС. За прв претседател на СРСМ е избран Стојан Андов, а за прв потпретседател – Ристо Иванов.По првите избори, ЛП во 1992 стана дел од Владата на СДСМ, ЛП, ПДП и СПМ во која беше до 1996.
Со цел да ја заврсти центристичката опција, ЛП во 1997 се спои со поранешната ДП. За жал, по неполни две години новата партија покажа дека не ја исполнува својата цел, па основачите решија да ја обноват ЛП, на Собранието на 23 декември 1999, кога за претседател на ЛП беше избран Ристо Гуштеров. На Седмото собрание во 2001 за претседател повторно беше избран Стојан Андов, а Деветтиот Конгрес во 2008 за претседател го избра Борче Стојановски.
На Десеттиот Конгрес во 2011 за претседател на ЛП е избран Ивон Величковски.
ЛП во 2008 повторно влезе во коалиција со СДСМ, во која настапи и на последните парламентарни избори во 2011. ЛП денес е единствената парламентарна либерална партија во Македонија.
Во овие две децении ЛП имаше вкупно 60 пратеници, 12 министри, три потпретседатели на Влада, а четири членови на ЛП ја претставуваа државата во странство како нејзини амбасадори.
На овој простор сакаме да се потсетиме и да им се заблагодариме и на сите наши основачи и членови кои со голем ентузијазам и цврста убеденост во вредностите на либерализмот го вградија својот живот во борбата за принципите што ги следеа, а веќе не се меѓу нас. Тука сакаме да ги наведеме особено Христо Кошка, Гаврило Гаврилски, Стево Јанковски, Михаило Зориќ, Иван Иванов, Џемаил Максут, Тодосие Паунов, Јусуф Војника, Владимир Павловски, Стево Црвенковски, Никола Тушев, Божидар Крстески…




