ЛИБЕРАЛНА ПОЛИТИКА

 

   ВЕСТИ

  • ЛП во Собранието: КОЈ НЕ ФУНКЦИОНИРА ЗА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА УПРАВАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ДА ОДАТ ВО УЈП?

  • ЛП во Собранието: ШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЗА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА УПРАВАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ДА ОДАТ ВО УЈП?

    - Парламентарното мнозинство вели дека Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам функционира одлично. Ако е тоа така, зошто сега се нуди законско решение со кое пректично нејзините овластувања се префрлаат на Управата за јавни приходи? Или има комплетно непознавање на тоа што треба да работат овие два органи или самата Влада низ овој закон признава дека таа Управа не ја вршела својата работа – праша пратеникот од ЛП, Ивон Величковски во образложението зошто не го поддржува Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за управата за јавни приходи во прво читање.


  • ЛП во Собранието: ЕЛЕКТРОНСКАТА АУКЦИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ДОВОЛНО ДЕФИНИРАНА

  • Воведувањето на електронската аукција во Законот за даночната постапка отвора прашање на начинот и условите на нејзиното спроведување. Со ваквото решение практично се спречува физичкиот увид во добрата што еден граѓанин сака да ги купи на електронска аукција – истакна пратеникот од ЛП, Ивон Величковски.

    - За мене прашање е дали со овие измени што го предлага Министерството за финансии, постои гаранција за идентичноста на презентираниот објект и објектот кој што граѓанинот сака да го купи? Не зборуваме само за ситни предмети и добра што ќе бидат одземени. Што правиме со движен имот како што е автомобил? – аргументираше Величковски .

    Во продолжение пренесуваме дел од неговите ставови на првото продолжение на 23 седница на Собранието на РМ од 14 февруари 2012. (more…)


  • ВТОРО СОБРАНИЕ НА ЛП – АЕРОДРОМ

  • Вечерва во Скопје беше одржано Второто собрание на Општинската организација на ЛП – Аеродром. Собранието се одржа согласно Планот на активности на ЛП ноември 2011 – ноември 2012, во Седиштето на ЛП во Скопје. (more…)


  • „Мојот пратеник“ јули-декември 2011: ВЕЛИЧКОВСКИ ОД ЛП ПОДНОСИТЕЛ НА 5 ЗАКОНИ

  • Со 5 поднесени закони, пратеникот и претседател на ЛП, Ивон Величковски е пратеник со најмногу предложени законски текстови во Собранието на Република Македонија од јули до декември 2011. Ова го покажува истражувањето „Мојот пратеник“ како преглед на активностите на пратениците во Собранието организирано од невладината организација „Мост“.

    Статистиката за активностите на единствениот пратеник од ЛП во овој период се:

    • 65 присуства на седници и продолженија;
    • 3 оправдани и без неоправдани отсуства;
    • 19 дискусии на пленарни седници, 40 реплики и 5 процедурални забелешки;
    • 14 дискусии на седници на работни тела;
    • 5 поднесени закони и 171 амандман;
    • нема поставено пратенички прашања;
    • член на 3 комисии, во кои присуствувал на 7 од 8 одржани седници и заменик член на 2 комисии, од кои присуствувал на 3 од 11 одржани седници;
    • гласања по 51 закон во прво читање, извештаи и сл., на комисиите на кои присуствувал не биле разгледувани амандмани, 85 пати гласал по точки во второ читање, а 15 процедурални прашања од дневниот ред и прашања на присуство на пратениците.

    Извор: Собрание на РМ, http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/mp9MK.pdf


  • Трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и рурален развој

  • Вечерва во Седиштето во Скопје беше одржана Третата седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и рурален развој. (more…)


  • ЛП во Собранието: ПРЕСТАНЕТЕ СО ПРЕЗИРОТ КОН ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

  • Ова е основното барање на пратеникот на ЛП, Ивон Величковски, упатено кон министерот за здравство и пратениците од мнозинството во текот на расправата по Информацијата за колапсот на јавното здравство како резултат на политиката на владите на Никола Груевски во изминатите шест години поднесена од опозицијата, на Седмото продолжение на Дваесеттата седница на Собранието на РМ.

    - Здравството е систем и оттука грешките што би се направиле и што се прават во здравството се систематски - констатира Величковски во неговата дискусија од која пренесуваме извадоци во продолжение. (more…)


  • СОБРАНИЕ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЛП – ЦЕНТАР

  • Денес во Седиштето на ЛП во Скопје беше одржано Петтото собрание на Општинската организација на ЛП – Центар. Собранието го усвои Извештајот за работа на Општинската организација меѓу две седници и ги утврди приоритетите на либералите во оваа скопска општина, кои се концентрирани на локалните избори 2013.

    Петтото Собрание ја избра Божанка Дапчевска Ѓорѓевиќ за нов претседател на Општинската организација и ги утврди новите состави на Општинскиот и Надзорниот одбор.

    Собранието го поздрави претседателот на ЛП, Ивон Величковски.


  • Предлог-закон на ЛП: ДРЖАВАТА ДА ВРАТИ 103 СВОИ ОБЈЕКТИ ВО ПОРАНЕШНИТЕ ЈУ-РЕПУБЛИКИ

  • Пратеникот на ЛП, Ивон Величковски во Собранието го поднесе Предлогот на Закон за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ (ЈПССДПРМ), со кој се предлага адекватна измена на членот 4, став 5 од Законот („Службен Весник на РМ“ бр. 105/09).

    Со моменталното законско решение, сите деловни објекти кои се на територијата на поранешните ЈУ-републики не можат да се запишат во сопственост на РМ, бидејќи РМ не може да биде сопственик на објекти во други држави освен кога се работи за дипломатско-конзуларни претставништва, а според пратеникот Величковски станува збор за 103 објекти кои РМ треба да ги воведе во катастрите  на овие држави како сопственост на државата.

    Со предложената измена се уредува дека „Имотот стекнат согласно Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал претставува имот на АД ЈПССДПРМ и се запишува во катастарот на недвижности како сопственост на АД ЈПССДПРМ“.


  • Седници на комисиите за политички систем и локална самоуправа и за економија и финансии

  • Комисиите при Извршниот комитет на ЛП разгледуваа повеќе законски предлози во процедура во Собранието на РМ. Притоа, Комисијата за економија и финансии, на својата трета седница особено се задржа на законите од областа на даноците и даночната управа, а Комисијата за политички систем, на својата прва седница го разгледува предложениот закон за дистрибуирање на странски списанија… предложен од Министерството за правда.


  • ЧЕТИРИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ

  • На седницата Извршниот комитет ги утврди датумите за одржување собранија на општинските организации на ЛП во Центар, Кисела Вода, Карпош, Аеродром и Гази Баба, согласно Програмата на активности на ЛП ноември 2011 – ноември 2012.

    ИК донесе и повеќе одлуки врз основа на позитивните законски прописи во доменот на материјално-финансиското работење и ги започна подготовките за Дванаесеттата седница на Републичкиот одбор.

     


 
   НАСТАНИ
 
   ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈА
  • ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

    Сметам дека делата клевета и навреда не треба да се предмет на кривично гонење и санкционирање туку истите треба да бидат уредени со друг закон. Ова особено се однесува на декриминализацијата на клеветата и навредата нанесени од новинари при нивното работење, како лица кои согласно постојното законско решение се дефинираат како „лица кои вршат работи од јавен интерес“.