Врз основа на член 79, алинеја 5 од Статутот на Либералната партија на Македонија, по овластување од Извршниот комитет на ЛП, Генералниот секретар на ЛП го распишува следниот
ПОВИК
За кандидирање членови на комисиите при Извршниот комитет на Либералната партија на Македонија
Секој член на ЛП, како и граѓанин кој не е член на ЛП може да се кандидира за член на комисија при Извршниот комитет на ЛП (во понатамошниот текст: Комисија/та).
Членовите на комисиите ги именува Претседателот на ЛП.
Кандидирањето се врши за следните комисии при Извршниот комитет на ЛП:
- Безбедност и одбрана;
- Економија и финансии;
- Животна средина;
- Здравство;
- Земјоделство и рурален развој;
- Инвестиции и развој;
- Надворешна политика и евро-атлански интеграции;
- Образование и наука;
- Односи со јавноста и здруженија на граѓани;
- Политички систем и локална самоуправа;
- Социјална политика и вработување;
- Транспорт, телекомуникации и информатика и
- Шумарство и водостопанство.
Секој кандидат лично ја поднесува кандидатурата.
|