На седницата Извршниот комитет беше информиран за подготовките за собранијата од првата група општински организации согласно Програмата на активности на ЛП ноември 2011 – ноември 2012.
Во рамки на организационите активности, ИК одлучи да формира и нова Комисија за менаџмент со човекови ресурси, по предлог на група предлагачи – членови на ЛП. Составот на Комисијата ќе биде утврден дополнително, врз основа на предлог-програма што ќе ги дефинира нејзините идни активности.




