Тивко замина во вечноста Првиот Претседател на независна Македонија.
Либералната Партија на Македонија изразува сочувство до семејството на г-дин Киро Глигоров.
Во најдраматични времиња кога државата беше приклештена помеѓу ембарга и мирис на барутот, со смиреност ја водеше државата. Донесе многу важни одлуки кои го трасираа патот на мирот, независноста и самостојноста на Р. Македонија.
Иако честопати критикуван, водеше мирољубива политика со голема умешност носеше одлуки значајни за нашата државност.
Неговото делување остава длабока трага во историјата, а нацијата ќе го памети како Татко на независна Р. Македонија.




