ЛИБЕРАЛНА ПОЛИТИКА

 

   Предлог-закон на ЛП: ДРЖАВАТА ДА ВРАТИ 103 СВОИ ОБЈЕКТИ ВО ПОРАНЕШНИТЕ ЈУ-РЕПУБЛИКИ

Предлог-закон на ЛП: ДРЖАВАТА ДА ВРАТИ 103 СВОИ ОБЈЕКТИ ВО ПОРАНЕШНИТЕ ЈУ-РЕПУБЛИКИ

Пратеникот на ЛП, Ивон Величковски во Собранието го поднесе Предлогот на Закон за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ (ЈПССДПРМ), со кој се предлага адекватна измена на членот 4, став 5 од Законот („Службен Весник на РМ“ бр. 105/09).

Со моменталното законско решение, сите деловни објекти кои се на територијата на поранешните ЈУ-републики не можат да се запишат во сопственост на РМ, бидејќи РМ не може да биде сопственик на објекти во други држави освен кога се работи за дипломатско-конзуларни претставништва, а според пратеникот Величковски станува збор за 103 објекти кои РМ треба да ги воведе во катастрите  на овие држави како сопственост на државата.

Со предложената измена се уредува дека „Имотот стекнат согласно Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал претставува имот на АД ЈПССДПРМ и се запишува во катастарот на недвижности како сопственост на АД ЈПССДПРМ“.

This entry was posted in Вести. Bookmark the permalink.

Коментарите се затворени.

 
   НАСТАНИ
 
   ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈА
  • ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

    Сметам дека делата клевета и навреда не треба да се предмет на кривично гонење и санкционирање туку истите треба да бидат уредени со друг закон. Ова особено се однесува на декриминализацијата на клеветата и навредата нанесени од новинари при нивното работење, како лица кои согласно постојното законско решение се дефинираат како „лица кои вршат работи од јавен интерес“.