ЛИБЕРАЛНА ПОЛИТИКА

 

   Пратениците од власта не прифатија декриминализација на клеветата

Пратениците од власта не прифатија декриминализација на клеветата

ЗНМ ја поздрави расправата во законодавниот дом во врска со предложените измени за декриминализација доставени од пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија. Наспроти барањето на новинарите и поддршката на опозицијата, пратениците од парламентарното мнозинство ги оценија предложените измени како избрзани и предложија да се почека исходот од преговорите на ЗНМ и Владата. Пратеникот Величковски образложи дека со декриминализацијата на клеветата и навредата ќе им се излезе во пресрет на граѓаните, односно на новинарите и медиумите, кои, според него, ќе се ослободат од самоцензура. „Нема слободни новинари на кои им виси кривичната одговорност за изречена клевета и навреда“, посочи Величковски.

This entry was posted in Вести. Bookmark the permalink.

Коментарите се затворени.

 
   НАСТАНИ
 
   ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈА
  • ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

    Сметам дека делата клевета и навреда не треба да се предмет на кривично гонење и санкционирање туку истите треба да бидат уредени со друг закон. Ова особено се однесува на декриминализацијата на клеветата и навредата нанесени од новинари при нивното работење, како лица кои согласно постојното законско решение се дефинираат како „лица кои вршат работи од јавен интерес“.