1. Извештајот укажува дека има недоволно ангажирање на човечки ресурси во делот на постапките за координација и имплементирање на Acquis Communitaires. Истовремено се укажува дека средствата за имплементација се недоволни. ЛП, преку јавни и настапи во Собранието ќе укаже и инсистира на отстранување на овие недостатоци.
2. Донесените закони хармонизирани со европското законодавство несоодветно се спроведуваат поради недоволно оперативни подзаконски акти, слабиот административен капацитет и недоволно/несоодветно искористување на ЕУ-фондовите.
3. “Политичката клима за инвестирање“ сеуште не е доволно добра за инвестирање на странските инвеститори. ЛП да изгради концепт за подобрување на условите за инвестирање и истиот да го промовира.
4. Ликвидноста на нашето стопанство зависи од извозот на производи, кои треба да исполнат стандарди, а слабиот капацитет на контролните механизми на системот е главната пречка за брза и адекватна стандардизација на производите. Во наредниот период ЛП ќе се залага за уредување на платниот промет со законско решение и
подобрување на конкурентноста на македонските производи.
5. Согласно укажувањата од Европската Комисија за слабостите и пропустите во креирањето економските политики, ЛП интензивно ќе предлага мерки за освојување нови пазари и поддршка на извозно ориентираните друштва. Истовремено ќе застапува политика на поддршка на малите и средни друштва во нивната ликвидност и развојните проекти со нови технологии.
6. ЛП ќе се залага за намалување на сивата економија со предлог на законско решение и ќе креира политики за зголемување на индустриското производство и потикнување на извозот.
7. Заклучоците да се објават во „Интерен Информативен Билтен на ЛП“.
РЕПУБЛИЧКИ ОДБОР НА ЛП




