Утре започнува расправата во Собранието по Предлог-Законот за измени и дополнувања на Кривичниот Закон, поднесен од пратеникот на ЛП, Ивон Величковски. Конкретно, прва инстанца каде ќе се разгледува популарно наречениот „Закон за декриминализација на клеветата“ е собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.




