ЛИБЕРАЛНА ПОЛИТИКА

   Статут
Врз основа на член 35 од Законот за политичките партии (“Службен весник на Република Македонија” број 41/94), Конгресот на Либералната партија на Македонија, на седницата одржана на ден 4 јули 2004 година го донесе следниот

С Т А Т У Тна Либералната партија на Македонија 

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Либералната партија на Македонија (во понатамошниот текст: Партијата) е политичка организација во која граѓаните слободно се здружуваат поради:

- вршење на политичките и економските слободи и права на граѓаните;

- ширење и заштита на политичките, економските, социјалните, културните и другите права, интереси и уверувања на своите членови;

- учество во постапката за избор на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и градоначалници и советници во советите на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија, и

- освојување на власта.

Член 2

Името на Партијата е “ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА”.

Скратеното име на Партијата е “Либерална партија”.

Кратенката на Партијата е “ЛП”.

Седиштето на Партијата е во Скопје, на адреса: “Булевар “Васко Карангелески” без број”.

Партијата има свој печат во кружна форма со натпис: “Либерална партија на Македонија – Скопје”, а во средината на печатот е аплициран заштитниот знак на Партијата.

Штембилот на Партијата е во правоаголна форма со натпис: “Либерална партија на Македонија – Скопје” и простор за број и датум.

Член 3

Партијата има свој заштитен знак, знаме и партиска легитимација.

Заштитниот знак на Партијата ги има следните елементи: син круг потенциран со два бели круга, во кој во средината е аплициран европскиот континент со бела боја, а над него во полукруг се сместени пет жолти ѕвезди со пет краци и под него, со жолти букви, стои: “ЛПМ”. Под знакот, со стилизирани сини букви, во два реда пишува: “Либерална партија” .

Знамето на Партијата има правоаголна форма во сооднос 2:1 со бела основа, на која во средината се аплицира заштитниот знак на Партијата.

Изгледот, формата, содржината, нумерирањето и начинот на издавање на партиската легитимација се утврдуваат со одлука на Извршниот комитет на Партијата.

Член 4

Партијата има својство на правно лице.

Партијата е самостојна во организирањето и остварувањето на своите цели, задачи и активности утврдени со овој Статут.

Партијата ги остварува своите права, должности и одговорности согласно Уставот на Република Македонија, законите, другите правни прописи и овој Статут.

Член 5

Партијата, со посебна одлука на Републичкиот одбор на Партијата, а по претходна расправа по општинските организации, може да развива посебни облици на соработка со други партии и организации со сродни програмски цели од земјата и надвор од неа, да стапува во коалиции со други партии и организации од земјата и да членува во европски и светски организации на либерали.

II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ПАРТИЈАТА

Член 6

Основни цели на Партијата се:

- афирмација на либералните идеи меѓу граѓаните на Република Македонија;

- афирмација на суверена, самостојна, унитарна, демократска и хумана држава Република Македонија;

- мир и сожителство на македонскиот народ со припадниците на заедниците кои не се мнозинско население во Република Македонија;

- демократизација на севкупните процеси, односи и институции во Републиката и изградба на цивилното општество;

- заштита и унапредување на индивидуалните слободи и права на граѓанинот;

- владеење на правото;

- децентрализација на државата и развој на локалната самоуправа;

- слобода на пазарот и претприемништвото;

- почитување на општоприфатените принципи на меѓународното право;

- полноправното членство на Републиката во европските, евро-атлантските и светските политички и безбедносни асоцијации и структури;

- поттикнување на демократските процеси на Балканот и водење на политика на соработка и добрососедство;

- унапредување на заштитата од болести, повреди и хендикеп;

- обезбедување соодветна законска регулатива за правата на хендикепираните лица и инвалидските пензионери;

- обезбедување на здрава животна средина и здрава храна;

- создавање кадровски потенцијал способен за креирање и учество во политичкиот процес во Републиката, кој успешно партиципира на избори и во сите нивоа на власта и

- соработка со политички субјекти со блиски програмски определби од земјата и странство.

III. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ПАРТИЈАТА

Член 7

Членот е основа на организирање на Партијата.

Пристапувањето и членувањето во Партијата е лично право на граѓаните, кои ги прифаќаат нејзините програмски цели и статутарни норми.

Член на Партијата може да стане секој полнолетен граѓанин кој е државјанин на Република Македонија.

Коментарите се затворени.

   НАСТАНИ
 
   ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈА
  • ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

    Сметам дека делата клевета и навреда не треба да се предмет на кривично гонење и санкционирање туку истите треба да бидат уредени со друг закон. Ова особено се однесува на декриминализацијата на клеветата и навредата нанесени од новинари при нивното работење, како лица кои согласно постојното законско решение се дефинираат како „лица кои вршат работи од јавен интерес“.