ЛИБЕРАЛНА ПОЛИТИКА

 

   Програмска декларација

ПРОГРАМСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

НА ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕАМБУЛА

Темелните вредности на кои е заснована македонската држава се во фаза на “премолчана редефиниција”, а македонското општество е се подалеку од мо-дерните европските општества.

Стремежот кон просперитетот на поединецот е заменет со колективниот код на неуспешноста, а чувството за припадност кон пошироката општествена и државна заедница е заменет со припадноста кон затворени етнички и социјал-ни групи.

Единствен ефект од ваквата состојба е немоќта на поединецот, граѓанинот, немоќ да оствари било каков чекор во насока на подобрување на сопствениот стандард, статус, образование…, воопшто да оствари попросперитетна сегаш-ност и иднина за себе, своето семејство, својата локална и државна заедница.

Република Македонија има потреба од итна, недвосмислена трансформација на своето економско, политичко и општествено секојдневие.Либералната партија на Македонија е свесна дека постојната состојба е последица на предолгата транзиција, чиј крај практично сеуште е неизвесен.

Затоа, убедени во потенцијалите на нашиот граѓанин и државата, но и во тоа дека постојната состојба бара итни промени во сите сфери на македонското економско, општествено и политичко секојдневие, ги отфрламе досегашните колективистички пристапи и во нашето политичко работење се фокусираме на следните приоритети:

* благосостојба и просперитет на поединецот, согласно неговата иницијатива и капацитет во услови на пазарна економија

и

*
еднакви шанси и еднаква заштита на поединецот, неговиот живот и основни слободи и права.

Државата е инструмент на граѓаните за гарантирање и остварување на нивните права и слободи. Либералната партија е свесна дека само како таква држа-вата ќе биде сакана и почитувана пред се од сопствените граѓани, но и од останатите субјекти на меѓународните односи.

Функционирајќи за сопствените граѓани и во насока на остварување на нивните права, слободи и интереси, Република Македонија ќе биде сигурна и стабилна држава со мир, ред и поредок, чии граѓани ќе уживаат во плодовите на својата економска иницијатива и образование и ќе можат да создаваат услови не само за сопствената, туку и за колективната социјална сигурност.

Конечно, само стабилна, просперитетна држава може да води сметка за заштита и унапредување на колективните права и слободи на сите малцински групи, тргувајќи од етничките заедници, се до лицата со посебни потреби.

Затоа што само на тој начин во Република Македонија ќе се реафирмира категоријата на општествената солидарност, како основа за хумано, функционално, правично и хомогено општество засновано на модерни вредности што се посакувани и почитувани од сите граѓани.

Државата и општеството ретко функционираат врз основа на математички формули.

Но за нас, Либералите, недвосмислени се следните општествени и политички аксиоми:

* одговорност, квалитет, визија и конкурентност наместо просечност во економското и политичкото работење;

*солидарност наместо самодоволност и затвореност во општеството;

*вредности во заедницата наместо конфузија и конфликтност на заедниците.

Затоа што:

* нема успешна држава со просперитетна економија, сигурност и безбедност, мир и сожителство – без одговорност, квалитет, визија и конкурентност на поединецот и (особено) на политичките раководства што ги избираат граѓаните и

* нема општествена и политичка кохезија во државата како заедница на граѓаните без почитување и примена на вредностите на модерното оп-штество во развиените (европски) демократии.

Оттука, Либералната партија на Македонија останува на основните постулати на либералната идеологија и практичните цели утврдени уште со нејзиното основање во последната деценија од минатиот век:

* просперитетна економија;

* ефикасна демократска власт;

* мрежа на институции што функционираат независно од апаратот на државната власт

и

* цивилно општество

 

Коментарите се затворени.

 
   НАСТАНИ
 
   ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈА
  • ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

    Сметам дека делата клевета и навреда не треба да се предмет на кривично гонење и санкционирање туку истите треба да бидат уредени со друг закон. Ова особено се однесува на декриминализацијата на клеветата и навредата нанесени од новинари при нивното работење, како лица кои согласно постојното законско решение се дефинираат како „лица кои вршат работи од јавен интерес“.